Aктивности/Aktiviteter
Годишно собрание на Македонскиот сојуз во Шведска
![](https://c7724b96d8.cbaul-cdnwnd.com/ecd0dacf6a281fcfc9803429cda0b413/200000266-7f3127f315/Godisno%20sobranie%20MS%202023.jpeg?ph=c7724b96d8)
Македонскиот сојуз во Шведска го одржа своето годишно собрание на 7 мај во просториите на друштвото "11 октомври" во Хелиснгборг. Собранието беше неизборно и имаше советодавен карактер, со присуство на претседателите на македонските друштва и клубови. Беа разгледани тековните активности и планирањата за годишнашните традиционални манифестации, меѓу другото "Денот на македонската култура" на 4 јуни во Гетеборг и "Денот на македонската поезија во Шведска", што годинава ќе се одржи на 7 октомври во Стокхолм. Многумина зборуваа дека се прават напори за активирање на нови членови, иако таквите заложби не наидуваат секогаш на задоволителен резултат. Свој годишен состанок и планирање на активности одржа и Женскиот актив при Македонскиот сојуз, кој ќе продолжи да се ангажира за афирмација на македонското културно наследство и традиција, како и за зајакнување на присуството на жените во дејноста на македонската иселеничка заедница на скандинавските простори. Една од позначјаните активностио на овој актив ќе биде и традиционалниот натпревар "Вешта жена", што годинава, по неколкугодишна пауза поради корона-пандемијата, ќе се одржи во рамките на програмата на "Денот на македонската култура" на 4 јуни во Гетеборг.
![](https://c7724b96d8.cbaul-cdnwnd.com/ecd0dacf6a281fcfc9803429cda0b413/200000268-8121a8121e/ZA%202023.jpeg?ph=c7724b96d8)
Работна конференција на Македонскиот сојуз
![](https://c7724b96d8.cbaul-cdnwnd.com/ecd0dacf6a281fcfc9803429cda0b413/200000175-cddedcddf0/Sundsg%C3%A5rden%2022%20a.jpg?ph=c7724b96d8)
Претседателството на Македонскиот сојуз и претставници на македонските друштва во Шведска на 22 и 23 октомври 2022 година одржаа работна конференција во Sundsgården кај Хелсингтборг. Беа разгледани повеќе прашања поврзани со тековната дејност, а првиот дел од програмата беше посветен на презентација на новините во областа на одржувањето на студијски кружоци (studiecirklar) во соработка со АБФ. Претставникот на локалното АБФ од Хелсингборг, Сана Давидович, детално ја презентираше процедурата за изготвување студијски планови, практична реализација на кружоците и дигиталното известување до студисјкиот сојуз АБФ.
Во рамки на работната конференција, со која раководеа Гордана Крклинска и Гоце Грујоски, беа разгледани и идеи и предлози околу планирање на традиционалната манифестација Ден на македонската култура во Шведска, кој во изминатите неколку години не беше организирана, најмногу поради ковид-пандемијата, но и поради намалувањето на културните активности во македонските друштва. Се слушнаа повеќе интересни мислења и сугестии, меѓу другото и дека би можело да се очекува извесно зголемување на интересирањето околу оваа традиционална манифестација доколку културниот дел би бил комбиниран со спортски активности, пред се турнир во мал фудбал, што би можело да го привлече вниманието на помладите генерации.
![](https://c7724b96d8.cbaul-cdnwnd.com/ecd0dacf6a281fcfc9803429cda0b413/200000177-e68ede68f1/Sundsg%C3%A5rden%2022.jpg?ph=c7724b96d8)
Дел од дискусијата беше посветен на формирањето на пензионерски секции во друштвата, кои би можеле да планираат соодветни активности во интерес на збогатувањето на социјалниот живот на постарите членови во македонските друштва.
Заклучоците од конференцијата во наредниот период подетално ќе им бидат презентирани на управните одбори на друштвата и клубовите во составот на Македонскиот сојуз.
Ден на македонската поезија во Шведска
![](https://c7724b96d8.cbaul-cdnwnd.com/ecd0dacf6a281fcfc9803429cda0b413/200000173-78a2b78a2e/%D0%9F%D0%BE%D0%B5%D0%B7%D0%B8%D1%98%D0%B0%202022.png?ph=c7724b96d8)
Годинашната манифестација Ден на македонската поезија во Шведска ќе се одржи на 1 октомври во 12:00 во Градската библиотека во Гетеборг (Stdasbiblioteket, Trappscenen). Во програмата ќе земат учество дваесетина поети од разни национланости и здруженија, како и неколкумина членови на клубот "Феникс" при Författarcentrum Väst. Гостин од Македонија годинава ќе бида истакнатиот поет Борче Панов, кој е и уметнички координатор на меѓународната книжевна манифестација "Караманови средби" во Радовиш.
Женскиот актив при Македонскиот сојуз се зачлени во СИОС
Женскиот актив при Македонскиот сојуз беше примен во членството на Женскиот комитет на СИОС на нивното годишно собрание што се одржа во Стокхолм на 21 мај 2020 година, а во чија работа учествуваше и претседателката на Македонскиот сојуз, Гордана Крклинска. Со ова Женскиот актив на МС добива можност да се вклучи во активностите и да даде свој придонес во дејноста што ја остварува женската организација на СИОС, орган за соработка на етничките организации во Шведска. https://sios.se/om-oss/sios-kvinnokommitte/
![](https://c7724b96d8.cbaul-cdnwnd.com/ecd0dacf6a281fcfc9803429cda0b413/200000171-7492e74930/SIOS%20%D0%96%D0%B5%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B8%20%D0%B0%D0%BA%D1%82%D0%B8%D0%B2.jpg?ph=c7724b96d8)
![](https://c7724b96d8.cbaul-cdnwnd.com/ecd0dacf6a281fcfc9803429cda0b413/200000172-64e0664e08/SIOS%20%D0%96%D0%B5%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B8%20%D0%B0%D0%BA%D1%82%D0%B8%D0%B2%201.jpg?ph=c7724b96d8)
Годишно изборно собрание на Македонскиот сојуз
![](https://c7724b96d8.cbaul-cdnwnd.com/ecd0dacf6a281fcfc9803429cda0b413/200000167-0bfce0bfd2/Sobranie%20na%20MS%203.jpg?ph=c7724b96d8)
Македонскиот сојуз во Шведска на 2 април 2022 година го одржа своето Годишно изборно собрание. Највисокиот собир во рамки на македонската заедница се одржа во просториите на ИФ „Вардар/Македонија“ во Гетеборг. На собранието учествуваа делегати од македонските друштва, а присуствуваа и повеќе гости. Усвоена е програма за работа и буџет за тековната година, а беше избрано и ново Претседателство на МС со двегодишен мандат. За старо-нова претседателка е избрана Гордана Крклинска на која ова и е четврти мандат.
![](https://c7724b96d8.cbaul-cdnwnd.com/ecd0dacf6a281fcfc9803429cda0b413/200000168-37fd237fd5/Sobranie%20na%20MS%2022.jpg?ph=c7724b96d8)
На собранието на МС присуствуваа македонската амбасадорката во Шведска, Мира Крајачиќ и делегација од Агенцијата за иселеништво на РСМ, предводена од директорот Слободан Близнаковски.
![](https://c7724b96d8.cbaul-cdnwnd.com/ecd0dacf6a281fcfc9803429cda0b413/200000169-b8983b8985/Sobranie%20na%20MS%201.jpg?ph=c7724b96d8)
![](https://c7724b96d8.cbaul-cdnwnd.com/ecd0dacf6a281fcfc9803429cda0b413/200000170-555ee555f1/Pretsedatelstvo%20na%20MS%202022.jpg?ph=c7724b96d8)
Претседателство на Македонскиот сојуз со двегодишен мандат 2022-2024
Средба на претседателот Стево Пендаровски со претставници на Македонскиот сојуз
![](https://c7724b96d8.cbaul-cdnwnd.com/ecd0dacf6a281fcfc9803429cda0b413/200000160-98a2698a28/Pendarovski-Shvedska.jpg?ph=c7724b96d8)
Претседателот Стево Пендаровски за време на работната посета на Кралството Шведска на 14 октомври во Гетеборг оствари средба со претставници на Македонскиот сојуз.
На средбата македонските иселеници го запознаа претседателот
Пендаровски со активностите за зачувување и унапредување на
македонската култура, јазик и традиција, како и за интеграцијата во
шведското општество и социјално-културниот развој во рамките на
друштвата и клубовите. Повеќе
Ден на македонската поезија, 2 октомври во Стокхолм
![](https://c7724b96d8.cbaul-cdnwnd.com/ecd0dacf6a281fcfc9803429cda0b413/200000153-4c5184c51a/Poezija%2021%20b.jpg?ph=c7724b96d8)
Годинашната културна манифестација Ден на македонската поезија под покровителство на Македонскиот сојуз во Шведска, се одржа по 31-ви пат во просториите на Македонската амбасада во Стокхом на 2 октомври 2021 година. Во програмата учествуваа 15-тина поети и музичари. Присутните ги поздрави македонската амбасадорка Мира Крајачиќ, нагласувајќи го значењето од континуирано организирање културни активности во редовите на дијаспората, а пред присутните се обратија и претседателката на Македонскиот сојуз, Гордана Крклинска и претседателот на поетското друштво „Дениција“, Ивица Челиковиќ. Програмата, во чии рамки зедоа учество и наставнички по мајчин македонски јазик и ученци од Стокхолм, ја водеше Тереза Шалевска-Мирчева. Поетското читање овојпат беше под знакот на 100-годишнината од раѓањето на големиот македонски поет, лингвист и кодификатор на современиот македонски литературен јазик, Блаже Конески.
![](https://c7724b96d8.cbaul-cdnwnd.com/ecd0dacf6a281fcfc9803429cda0b413/200000154-788c1788c3/Poezija%2021.jpg?ph=c7724b96d8)
Средба на дијаспората со министерот за надворешни работи Бујар Османи
![](https://c7724b96d8.cbaul-cdnwnd.com/ecd0dacf6a281fcfc9803429cda0b413/200000144-7ea737ea75/Gordana%20SK%20a.jpg?ph=c7724b96d8)
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи на 22 јули 2021 година беше домаќин на
македонските граѓани кои живеат во странство, а летните одмори ги
минуваат во земјава. На средбата присуствуваше и претседателката на Македонскиот сојуз во Шведска (МС), Гордана Крклинска, и притоа имаше можност да го запознае министерот со прашањата околу кои МС очекува соработка со надлежните институции во татковината во наредниот период. Меѓу другото, во однос на можностите за олеснување на процедурите за вадење нови патни исправи, признавање на македонските возачки дозволи, околу иницијативата за отворање културен центар во Шведска.
![](https://c7724b96d8.cbaul-cdnwnd.com/ecd0dacf6a281fcfc9803429cda0b413/200000148-32fca32fcc/Gordana%20SK.jpg?ph=c7724b96d8)
Како што соопшти МНР, на приемот министерот упати
благодарност до дијаспората за нивниот придонес во пренесување на
позитивната порака и слика за нашата држава, како и придонесот за
целокупниот економски и општествен развој на Северна Македонија. Повеќе
![](https://c7724b96d8.cbaul-cdnwnd.com/ecd0dacf6a281fcfc9803429cda0b413/200000150-6b9636b964/Gordana%20SK%202.jpg?ph=c7724b96d8)
Активности на Македонскиот сојуз во текот на 2021 година
![](https://c7724b96d8.cbaul-cdnwnd.com/ecd0dacf6a281fcfc9803429cda0b413/200000137-c0a42c0a44/Basic-Makedonija-2.jpg?ph=c7724b96d8)
Претседателството на МС на својот онлајн состанок на 15 февруари 2021 година ја разгледа предлог програмата и буџет за работа во тековната година. Беше констатирано дека условите во екот на пандемијата оневозможуваат планирање на средби и манифестации со физичко присуство, а со оглед на забраната за јавни собири со повеќе од осум лица. Беше изразена надеж дека по летните одмори, доколку условите бидат поповолни, ќе се разгледаат можностите за одржување на традиционалните манифестации Денови на македонската поезија и Денот на македонската култура во Шведска. Засега, во пролетниот дел, ќе биде планирано одржување на годишното неизборно собрание, Совет на МС, со учество на претседателите на друштвата. Советот ќе се одржи онлајн на 8 мај 2020 година. Инаку, Претседателството на МС изрази надеж дека и друштвата во наредниот период ќе ги одржат своите годишни собранија. Корона пандемијата лани ги погоди македонските друштва, кои во значајна мера ги намалија своите активности. Со цел да ја поддржи работата на друштвата, Претседателството на МС во декември лани додели еднократна парична помош на друштвата: по 7.000 кр на друштвата кои имаат свои простории и по 4.000 кр на друштвата без простории.
Јубилеј: 30 години македонска поезија во Шведска, 17/10-2020
![](https://c7724b96d8.cbaul-cdnwnd.com/ecd0dacf6a281fcfc9803429cda0b413/200000127-51a5551a58/Poezija%203.jpg?ph=c7724b96d8)
Традициониалната културна манифестација Денови на македонската поезија во Шведска, што секоја година се одвива под покровителство на Македонскиот сојуз во оваа скандинавска земја, на 17 октомври 2020 година го одбележа својот тридецниски јубилеј во просториите на Македонската амбасада во Стокхолм. Јубилејното издание на оваа единствена манифестација од таков вид во редовите на македонската дијаспора во Западна Европа, за чија програма во изминатите неколку години се грижи Македонското поетско друштво "Дениција", го отвори македонската амбасадорка во Кралството Шведска, Мира Крајачиќ.
- Оваа манифестација секако оди во прилог на духовната поткрепа и билатералните односи и соработка помеѓу двете држави и народи, а во овие моменти на премрежја нејзината улога можеби е најважна и како активен чинител во одбраната и афирмацијата на македонскиот јазик, идентитет, нација", нагласи амбасадорката Крајачиќ во своето обраќање.
![](https://c7724b96d8.cbaul-cdnwnd.com/ecd0dacf6a281fcfc9803429cda0b413/200000128-a36b7a36b9/Poezija.jpg?ph=c7724b96d8)
Во поетското читање настапија поети од различни генерации, кои прочитаа стихови од зборникот на друштвото "Дениција", што под наслов "Калемење на светлината" беше објавен лани со поддршка од Агенцијата за иселеништво на РСМ. Со свои песни, меѓу другите, се претставија Ивица Челиковиќ, Гордана Крклинска, Александар Милошевиќ, Тереза Шалевска Мирчева, а наставничката по македонски јазик Даниела Златановиќ и ученичката Ања Андреевска интерпретираа стихови од познати македонски поети.
Во чест на долгогодишниот ангажман во Сојузот
![](https://c7724b96d8.cbaul-cdnwnd.com/ecd0dacf6a281fcfc9803429cda0b413/200000125-eb62aeb62c/Jovan%2070%20g-1.jpg?ph=c7724b96d8)
![](https://c7724b96d8.cbaul-cdnwnd.com/ecd0dacf6a281fcfc9803429cda0b413/200000126-9b2c39b2c5/Ilija%2070%20g-8.jpg?ph=c7724b96d8)
На состанокот на Претседателството на МС со претседателите на македонските друштва што се одржа на 29 август во друштвото „Гоце Делчев“ Гетеборг, на двајца членови на Претседателството, Јован Божиновски, потпретседател на МС и Илија Марковски, благајник на МС, им беше изразена благодарност и укажано внимание поради нивниот долгогодишен ангажман во рамки на сојузните активности. Тие годинава наполнија 70 години од животот, а по тој повод претседателката на МС Гордана Крклинска лично им се заблагодари со букет цвеќе.
![](https://c7724b96d8.cbaul-cdnwnd.com/ecd0dacf6a281fcfc9803429cda0b413/200000117-8111781119/logo-2.gif?ph=c7724b96d8)
За подобри контакти со новодојдените
![](https://c7724b96d8.cbaul-cdnwnd.com/ecd0dacf6a281fcfc9803429cda0b413/200000161-968b6968b8/Sundsg%C3%A5rden.jpg?ph=c7724b96d8)
Во Sundsgårdens Folkhögskola кај Хелсингборг се одржа конференција на 23-24 октомври 2021 година, што Македонскиот сојуз ја организираше во соработка со АБФ Förbundet. Конференцијата беше посветена на претходно започнатите активности за формирање мрежа за соработка и планирање активности со цел да се остварат подобри контакти со новодојдените Македонци во последните години во Шведска и да се поттикне нивното интересирање да се зачленат во македонските друштва и клубови. Во дискусијата во која учествуваа претставници на Претседателството на Македонскиот сојуз, на управните одбори на друштвата и наставници по мајчин јазик, беа изнесени низа интересни предлози за активности, меѓу другото за организирање информативни средби во македонските друштва на кои би биле поканети новодојдените, со цел да им се понудат корисни информации поврзани со процесот на адаптација во новата средина, услугите на бироата за вработување, благајните за социјално осигурување, бироата за вработување, осигурителните компании и образовните институции.
![](https://c7724b96d8.cbaul-cdnwnd.com/ecd0dacf6a281fcfc9803429cda0b413/200000162-5426a5426c/Sundsg%C3%A5rden%201.jpg?ph=c7724b96d8)
Пописот во Македонија заврши, резултатите до крај на март идната година
![](https://c7724b96d8.cbaul-cdnwnd.com/ecd0dacf6a281fcfc9803429cda0b413/200000159-4001340016/%D0%9F%D0%BE%D0%BF%D0%B8%D1%81.jpg?ph=c7724b96d8)
Годишно изборно собрание на Македонскиот сојуз, 31/10-2020
![](https://c7724b96d8.cbaul-cdnwnd.com/ecd0dacf6a281fcfc9803429cda0b413/200000134-c8b0fc8b12/Sobranie%20MS%2020-6.jpg?ph=c7724b96d8)
Македонскиот сојуз го одржа своето годишно изборно собрание на 31 октомври 2020 година во просториите на друштвото "Гоце Делчев" во Гетеборг. Собранието требаше да биде одржано на 4 октомври годинава, но беше одложено поради избувнувањето на корона-пандемијата. На собранието присуствуваа делгати од девет македонски друштва, а некои од делегатите учествуваа преку видео-линк. На собранието беа усвоени програмата за работа и буџет за 2020 година, а беше избрано и ново Претседателство со двегодишен мандат. За претседател на МС повторно е избрана Гордана Крклинска (трет двегодишен мандат). Во составот на Претседателството се и Јован Божиновски, Илија Марковски, Тереза Шалевска Мирчева, Аница Николовска, Анита Арсовска, Мустафа Алиев, Сашо Тирчевски и Крум Ѓоргиев. Резервни членови се Ѓорѓи Христовски и Гоце Грујоски. Во составот на Претседателството по функција е застапена и претседателката на Женскиот актив, Милица Велевска.
Назначени почесни членови
![](https://c7724b96d8.cbaul-cdnwnd.com/ecd0dacf6a281fcfc9803429cda0b413/200000135-3d4713d473/Grubesson%20Tereza.jpg?ph=c7724b96d8)
На собранието
беше изгласан и предлогот за назначување на нови почесни членови на МС, а
овојпат се назначени Сабина Грубесон од Хуманитарната фондација "Лоза", како и
Лилјана Стоилковска и Тереза Шалевска Мирчева, за нивниот посебен придонес во
развојот на активностите и манифестациите во рамки на македонската заедница во
Шведска.
![](https://c7724b96d8.cbaul-cdnwnd.com/ecd0dacf6a281fcfc9803429cda0b413/200000136-936c2936c5/Pretsedatelstvo%20MS%2020-4.jpg?ph=c7724b96d8)
Tidigare nyheter:
Makedoniska riksförbundet har ställt in sina planerade aktiviteter och evenemang under våren på grund av corona-krisen
Vi skulle hålla förbundets årsmöte den 4 april men har ställt in det. Om corona-läget normaliseras så småningom så kan vi överväga möjligheterna att hålla årsmötet tidigast under hösten. I annat fall kommer vi eventuellt att planera årsmötet vid den ordinarie tiden (i april 2021). Ombuden från våra lokalföreningar, som skulle delta på det inställda årsmötet den 4 april, har gett sitt skriftliga samtycke att den nuvarande förbundsstyrelsen fortsätter med sitt mandat tills corona-krisen är över och det blir möjligt att hålla fysiska sammanträden.
![](https://c7724b96d8.cbaul-cdnwnd.com/ecd0dacf6a281fcfc9803429cda0b413/200000057-8d69a8d69c/Trelleborg.17.d.jpg?ph=c7724b96d8)
Vi har också ställt in det planerade årliga evenemanget, Makedoniska riksförbundets kulturdag, som skulle äga rum den 9 maj i Dalsjöfors. Om det skapas förutsättningar kommer vi att anordna det evenemanget i slutet på oktober.
Än så länge har vi inte ställt in vår Poesifestival som i år firar 30-års jubileum och som är planerad till den 19 september på Stadsbiblioteket i Göteborg. Hur det blir med det här evenemanget beror återigen på corona-krisens utveckling efter sommaren.
För närvarande har vi huvudsakligen fasta kostnader (bland annat lön för kanslist/sekreterare och kontorshyra).
När det gäller organisationsbidraget som vi fått i år kan vi för närvarande inte säga om vi kommer att ha överskott (oförbrukade pengar). Det beror också på ovannämnda omständigheter och utsikter att genomföra en del aktiviteter under hösten. Vi kan återkomma med mer konkreta uppgifter kring vår budget under höstmånaderna.
![](https://c7724b96d8.cbaul-cdnwnd.com/ecd0dacf6a281fcfc9803429cda0b413/200000121-6f07c6f07e/6.jpg?ph=c7724b96d8)
![](https://c7724b96d8.cbaul-cdnwnd.com/ecd0dacf6a281fcfc9803429cda0b413/200000122-8873e8873f/5.jpg?ph=c7724b96d8)
Агенцијата за иселеништво во посета на Шведска
![](https://c7724b96d8.cbaul-cdnwnd.com/ecd0dacf6a281fcfc9803429cda0b413/200000163-f3393f3396/Agencija%20iselenistvo.jpg?ph=c7724b96d8)
Делегација на Агенцијата за иселеништво предводена од директорот Слободан Близнаковски од 10 до 12 декември ги посети македонските друштва и црковните општини во Гетеборг и Малме. На средбата со претставниците на Македонскиот сојуз во Шведска се водеше дискусија околу надлежностите и работењето на Агенцијата, конкретните потреби на иселеничките заедници, како и околу заклучоците од претходно остварените средби при посета на претставници од Агенцијата за иселеништво на Шведска. Беа остварени и средби со наставници по македонски јазик во шведските училишта. Во составот на делегацијата на Агенцијата за иселеништво беа и Билјана Костова, раководител на Сектор за одржување и унапредување на врските со иселеништвото, и Ацо Павловски, одговорен за веб-страницата на Агенцијата.
![](https://c7724b96d8.cbaul-cdnwnd.com/ecd0dacf6a281fcfc9803429cda0b413/200000164-cd31dcd320/Agencija%20iselenistvo%201.jpg?ph=c7724b96d8)
Преговори на Македонија со ЕУ веднаш, смета шведската министерка за надворешни работи Ан Линде
![](https://c7724b96d8.cbaul-cdnwnd.com/ecd0dacf6a281fcfc9803429cda0b413/200000142-02e6502e67/Ann%20Linde-1.jpg?ph=c7724b96d8)
Шведската министерка за
надворешни работи Ан Линде одговори на писмото на Македонскиот сојуз во Шведска
во пресрет на средбите што деновиве македонскиот премиер ги имаше со високи
европски претставници во Брисел. Повеќе
Интервју со шведската амбасадорка Кристин Бенгтсон во Скопје
![](https://c7724b96d8.cbaul-cdnwnd.com/ecd0dacf6a281fcfc9803429cda0b413/200000139-b635fb6361/%D0%91%D0%B5%D0%BD%D0%B3%D1%82%D1%81%D0%BE%D0%BD.jpg?ph=c7724b96d8)
Шведска останува активно вклучена во обидите за постигнување
заедничка позиција на ЕУ за преговорите со Северна Македонија да почнат што е можно побрзо.
Секако, за ова е потребна заедничка одлука на сите земји членки, но
истовремено е важно и сите членки да се придржуваат до обврските
преземени во договорите на ЕУ кои се однесуваат и на европските
вредности, вели амбасадорката Кристин Бенгтсон во интервју за "360
степени". Повеќе
Гетеборг, Состанок со претседателите на македонските друштва
Претседателството на Македонскиот сојуз на 29 август 2020 година одржа состанок со претседателите на македонските друштва (или нивни заменици) со цел да се разгледаат актуелните состојби со активностите во услови на корона пандемијата.
Во врска со актуелни состојби во македонските друштва во периодот на корона вирусот присутните соопштија дека во друштвата активностите и посетеноста на просториите се значајно намалени во изминатите пролетни и летни месеци, но и дека се започнати извесни раздвижувања и планирања на активности во пресрет на есенскиот период. Поради неопходноста од одржување на социјална дистанца и преземање на други заштитни мерки, во друштвата не се одржуваат поголеми собири. Посебно се претпазливи и повлечени пензионерите. Во некои друштва се прават напори во насока на привлекување на новодојдените македонски семејства. Што се однесува до дотациите од комуните, средствата што ги добиваат друштвата се намалени како последица на пандемијата, а некои друштва и понатаму добиваат редовна парична поддршка од страна на АБФ. Се прават напори и за одржување на контактите со членството преку дигитални апликации онлајн.
И на централно ниво, во рамки на Сојузот, активностите во текот на пролетниот период беа откажани. Во текот на летниот период Претседателството на МС одржа неколку дигитални состаноци преку Skype.
- Сојузната манифестација Ден на македонската култура требаше да се одржи на 9 мај во Далсјофорс кај Борос, но беше одложена поради ширењето на корона вирусот. Манифестацијата ќе се планира за идната година, во мај 2021, повторно на истото место, доколку условите поврзани со пандемијата тоа го дозволат. Домаќин ќе биде друштвото "Кочо Рацин".
- Манифестацијата Ден на македонската поезија, која годинава го одбележува својот 30-годишен јубилеј, требаше да се одржи на 19 септември, но е одоложена поради тоа што Градската библиотека во Гетеборг, каде што требаше да се одржи поетското читање, во овој период е затворена за ваков вид манифестации и свечености. Претседателството на МС ќе ги разгледа можностите поетската манифестација да се одржи подоцна есенва, по можност во Стокхолм.
- Годишното изборно собрание на МС требаше да се одржи на 4 април годинава, но беше одложено. Наскоро ќе бидат контактирани избраните делегати од друштвата и ќе бидат повикани да присуствуваат на изборното собрание на Сојузот што се планира да се одржи во првата половина на ноември годинава. Друштво домаќин, каде што требаше да се одржи собранието во април, е ИФ "Вардар/Македонија".
ПОМОШ ЗА ДРУШТВАТА:
Со оглед на неможноста годинава да се одржат планираните активности, во касата на Македонскиот сојуз се останати извесни средства, кои треба годинава да се реализираат. Поради актуелните околности и влошени состојби во нашите друштва, Претседателството на МС одлучи да ги разгледа можностите во директен контакт со надлежниот орган што ги доделува дотациите, МУЦФ, и да им додели на своите друштва парична помош од сојузната каса. Помошта што би ја добиле нашите друштва би можела да биде исплатена кон крајот на оваа година. По повод оваа иницијатива, друштвата ќе треба до крајот на септември да достават по писмен пат до канцеларијата на Сојузот, на е-маил: makedonski.sojuz@bredband.net, какви активности планираат да спроведат во своите простории во есенскиот дел и на каков начин планираат да ги остваруваат контактите со членовите во наредните месеци.
![](https://c7724b96d8.cbaul-cdnwnd.com/ecd0dacf6a281fcfc9803429cda0b413/200000056-275eb275ed/Edmond-Ademi-1.jpg?ph=c7724b96d8)
Едмонд Адеми, министер без ресор задолжен за дијаспора
Дигитален состанок со министерот за дијаспора
До Канцеларијата на Македонскиот сојуз се обратија од кабинетот на македонскиот министер со одговорност за дијаспората, Едмонд Адеми, со молба да се вклучиме во заедничкот разговор со други претставници на македонски иселенички организации во повеќе европски земји. Разговорот се одржа на 29 април 2020 година преку Скајп.
Министерот Адеми изрази желба да се информира околу состојбите во нашите организации во периодот на корона кризата, при што можеше да се слушне дека скоро насекаде друштвата и клубовите се привремено затворени и активностите главно прекинати. Претставниците од дијаспората зборуваа и за нивните согледувања за последиците на пандемијата во земјите во кои се наоѓаат.
ЈЈаискористивме можноста да ги информирам учесниците во разговорот околу моментните состојби и околу плановите поврзани со одложените пролетни активности, кои, доколку се создадат поволни услови, би можеле да се реализираат под покровителство на Сојузот во есенскиот период.
Беа допрени и прашања околу начините на кои се одвива комуникацијата во здруженијата, во битно променети околности и контекст. Од своја страна министерот Адеми ја искористи можноста да ги информира соговорниците за напорите и мерките на македонската Влада во насока на успешно справување со пандемијата.
Околу неколку прашања беше изразено посебно интересирање од страна на повеќемина учесници во разговорот. Пред се кога станува збор за можностите да се рестартираат авиолиниите на Wizzair кон Македонија. Министерот одговори дека се во тек дискусиите околу тоа прашање, но дека засега е на сила вонредната состојба во Македонија, така што до 16 мај не може да се прецизира точен одговор на тоа прашање.
Од повеќемина исто така беше речено дека многумина членови во нивните здруженија се интересираат дали ќе биде можно летово да патуваат за Македонија, по можност и со организирање на таканаречените хуманитарни летови. Министерот прокоментира дека, за жал, не постои сигурен одговор на тоа прашање, а треба да се има предвид и тоа дека и понатаму е на сила владината одлука сите што доаѓаат во Македонија од странство веднаш да бидат ставени во 14-дневен карантин во државна установа. Кога таа одлука би можела да биде укината засега не се знае, но можеби по 16 мај работите ќе бидат малку појасни.
Учесници во разговорот, освен секретарот на Македонскиот сојуз, Ивица Челиковиќ, беа: Игор Филевски во Малта, основач на социјалниот медиум Македонци-Малтежани, Субија Таироски, бизнисмен во Копер, Словенија, Зорица Велиновска, член на владиниот Совет за национални малцинства во Хрватска и член на Советот на македонско национално малцинство за град Загреб, бизнисменот Фатмир Веапи од Бремен, Германија, докторката Весна Лакушиќ, во Подгорица, Црна Гора, од здружението Мак-Мост, Ердован Етовски, од македонското друштво "Мак Мел" од Бургдорф, Швајцарија, Ангела Илиоска, студент во Букурешт, Романија.
Во наредниот период се очекува да продолжат ваков вид разговори и размена на информации.