Преговори на Македонија со ЕУ веднаш, смета шведската министерка за надворешни работи Ан Линде


Шведската министерка за надворешни работи Ан Линде одговори на писмото на Македонскиот сојуз во Шведска во пресрет на средбите што деновиве македонскиот премиер Заев ги имаше со високи европски претставници во Брисел. Во писмото на македонската заедница во Шведска, меѓу другото беше нагласено дека "и покрај тоа што бугарската Влада тврди дека Македонија не го исполнила својот дел од Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу двете земји, вистинската прилчина за бугарското противење против стартот на преговорите на Македонија со ЕУ е долгогодишната расправија и спорот што Бугарија го наметнува околу идентитетот, јазикот и историските корени". Македонскиот сојуз во своето писмо изразува уверување дека политиката на проширување на ЕУ треба да се базира на Критериумите од Копенхаген, и дека никогаш порано не било дозволено преговорите за членство да бидат управувани од лични толкувања на историјата, или спротивставени гледишта околу јазиците и културите. Во прилог на тоа зборува, на пример, случајот со Романија и Унгарија кои беа принудени да ги остават настрана етнички спротивставените гледишта и позиции околу регионот Трансилванија, додека траеја нивните преговори за членство во ЕУ. Македонскиот сојуз упати апел до шведсдка Влада да го поддржи стремежот на Македонија да ги започне преговорите за членство, според критериумите кои биле важечки за сите други источноевропски земји членки, вклучувајќи ја и Бугарија. "Заканите со вето не можат да бидат ништо друго освен деструктивен начин за нарушување на изградбата на добри меѓусоседски односи", се нагласува во писмото на Македнскиот сојуз во Шведска.

"Го делам вашето мислење", се истакнува во одговорот на министерката Линде, "дека преговорите на ЕУ со Северна Македонија не треба повеќе да се одложуваат. Северна Македонија ги има исполнето условите за да ги започне преговорите. Врз таа основа ЕУ во март 2020 година донесе едногласна одлука за старт на преговорите.

Политиката на проширување во рамки на ЕУ е управувана од јасни критериуми и стриктна условеност. Преговорите треба да се движат напред врз база на реформските чекори на земјите кандидатки, пред сè во основните подрачја, какви што се принципите на правната држава. Напредокот треба да се вреднува врз база на постигнувањата и заслугите на земјите кандидадтки.

Јас, во разговорите со моите колеги во рамки на ЕУ, изразувам јасен став дека преговорите со Северна Македонија треба да започнат сега.

Северна Македонија има постигнато значаен напредок во реформската работа, кој заслужува вистинско признание. Од страна на шведската Влада ја поттикнуваме Северна Македонија да продолжи да ги спроведува реформите. Истовремено ги поттикнуваме владите во Скопје и Софија да продолжат со важаниот билетерален дијалог меѓу земјите", констатира во својот одговор министерката за надворешни работи на Шведска, Ан Линде.

Македонски сојуз во Шведска
Alla rättigheter reserverade 2020
Skapad med Webnode
Skapa din hemsida gratis! Denna hemsidan är skapad via Webnode. Skapa din egna gratis hemsida idag! Kom igång